Skip to main content

Подвижните аптеки ќе се достапни три пати месечно

Специјализирани возила два до три пати во месецот ќе им носат лекови на жителите во руралните средини каде живеат до 1 000 жители.

apteka
аптека

aptekaСпецијализирани возила два до три пати во месецот ќе им носат лекови на жителите во руралните средини каде живеат до 1 000 жители.

Проектот е наменет за хронично болните но бенефит ќе имаат вкупно 266 илјади луѓе во 1400 населени места.

Во соработка со руралниот доктор и руралните аптеки жителите ќе може да ги добиваат сите лекови по иста цена кои може да ги купат во секоја друга аптека.

Министерството за здравство овој новитет ќе го спроведе за три до четири месеци до кога треба да заврши правната регулатива околу доделувањето на 24 лиценци на фармацевтски компании.

Министерството ќе распише оглас за лиценци за подвижните аптеки на кој ќе може да се пријават компаниите кои произведуваат лекови и кои ќе треба да обезбедат специјално возило за превоз на истите.

{loadposition content9}