Павел Тасков од УИНТ „Св. Апостол Павле“ најдобар на „Робомак“
Павел Тасков, студент на Универзитетот за информатички науки и технологии од Охрид освои златен медал на интернационалниот натпревар во роботика -„Робомак“.
Павел Тасков, студент на Универзитетот за информатички науки и технологии од Охрид освои златен медал на интернационалниот натпревар во роботика -„Робомак“.
„Робомак“е интернационален натпревар по програмирање и вештачка интелигенција. Тоа е натпревар насочен кон популаризирање на роботиката и новата технологија во роботиката, со цел за малку да ја оживее оваа сцена и да ги поврзе луѓето во ова поле.
„Целиот натпревар беше поделен во 5 категории, Сумо, Хуманоид, Right Target, Трка и Роботска Рака. Секоја категорија си имаше посебна задача и различна технологија која требаше да се примени. Вкупно пет студенти беа претставници на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, распределени во различни тимови со цел поголема мултикултурна разновидност на натпреварот. Јас и мојот тим работевме во категоријата: „Роботска Рака“, “ објаснува Тасков.
Тој додава „Нашиот предизвик беше да ја искористиме роботската рака Robix Rascal, со нејзините зглобови и мотори, да собереме точна сума од монети поставени околу неа. Тоа не беше едноставна задача бидејќи тоа подразбира висока концентрација, меморија, како и креирање на специјални алгоритми. Сите во тимот работевме напорно секој во своето поле на експертиза, а резултат од вложениот труд е златниот медал за освоено прво место во нашата категорија.“
Павел потенцира дека претходните знаења, стекнати на УИНТ,биле основа за постигнатиот успех.
„Пред се, Робомак беше прилика да ги имплементираме сите претходно стекнати знаења на нашиот Универзитет во реални , практични услови. Имено, на УИНТ имаме специјална лабораторија за роботика и клуб за роботика, кои се одлична оснава за надградба во оваа област. Јас сум моментално 4-та година на факултетот за Машинска Интелигенција и Роботика, и добар дел од слободното време го поминувам точно таму. Освен академските знаења, огромна придобивка за мене како студент е и фактот дека посетувам студии во една интернационална, мултикултурна средина, исклучиво на англиски јазик. Тоа ги намали комуникациските бариери на еден интернационален настан како што е Робомак“.
{loadposition content9}