Skip to main content

Советот на потрошувачи го промовираше флаерот „Права имате, но дали ги знаете“

Ова е првата активност од програмата на новоформираниот Совет на потрошувачи.

 |  Мишел Наумоски  | 
potrosuvaci
потрошувачи

Vangel SpiroskiНа светскиот ден за заштита на потрошувачите, 15ти Март, Советот на потрошувачи го промовираше флаерот „Права имате, но дали ги знаете“. Ова е прва активност на ова тело кое ќе функционира во рамките на Советот на општина Охрид, а има за цел унапредување на правата на потрошувачите и сензибилизација на потрошувачите за правата кои ги имаат. Веќе е креирана и програмата според која ќе функционира Советот на потрошувачи за 2014та година, а која ќе вклучува поголем број на активности насочени кон промовирање и заштита на правата на потрошувачите, како и организирање на воспитно-образовни часови за различните аспекти на заштита на потрошувачите во градинките и училиштата во општина Охрид. Повеќе за активностите на Советот на потрошувачи ќе може да дознаете во Дневникот на Телевизија ТВМ, во 17 часот.

{loadposition content9}