Skip to main content

Крводарувањето во Охрид е на високо ниво

Крводарувањето во Охрид е на високо ниво.

 |  Валентина Неловска  | 
krvodaruvanje
krvodaruvanje

Славјанка  Атанасова е млада девојка која досега  три пати дарувала крв. Задоволна сум од сознанието дека сум дарувала крв и сум помогнала кога тоа било најпотребно , вели оваа хумана девојка. Славјанка напоменува дека да стане крводарител била поттикната од семејството. Го следи  примерот на нејзиниот  татко Ацо Атанасов кој исто така е  крводарител.   
Atanasovi„ Го гледав татко ми знаев дека оди на крводарителни акции го гледав и имав желба и јас да дарувам. Кога наполнив 18 години и кога имав право да дарувам крв  дарував и не беше старшно, се чувствував исполнето и продолжив да дарувам крв и после првиот пат“, раскажува Славјанка.             

Ацо Атанасов е активен крводарител. Горд е што неговите стапки ги  следи  и ќерка му  Славјанка. Прв пат дарувал крв во  далечната 1981 година и  неговата хуманост трае се до денес со 30-тина пати подарена крв. Атанасов вели по крводарувањето се чуствувам корисно  и хумано. Алтруизмотот е врвна одлика на еден крводарител, додава тој.

„Човекољубието е она што треба да го краси еден крводарител и би било убаво што повеќе од нас да се крводарители. Но, не секогаш е така и не станува збор за недостаток на алтруизам туку пречка се здравстени причини и не може секој да биде крводарител. Но, затоа може да бидеме хумани и корисни помагајќи околу крводаритетсвото и оние кои даруваат крв “, посочува Атанасов.
 
Покрај бројните охриѓани кои даруваат крв  е и  нашиот сограѓанин Тони Симоноски. И неговиот став кон крводарувањето како и кај Атанасови е исто така позитивен.
 
„Чест и гордост ми е да бидам хуман. Да се дарува крв е нешто најхумано и свето бидејќи на некого му е потребна таа течност која ја даруваме“, кажува Симоноски.
крводарување
Крводарувањето во Охрид е на високо ниво, информираат од ОО Црвен крст. Мината година  биле реализирани 1734 дарувања крв, а предвидениот план бил надминат за околу  3 проценти, вели волонтерот  Анета Јованоска. Успешната реалзиација се должи на  програма за мотивација на крводарителите за доброволно дарување на крв и со организирање на редовни и вонредни крводарителни акции. Младите охриѓани  доброволно се вклучуваат  и го следат примерот на ветераните крводарители кои даруваат и по 100 -тина пати.   

„ Во тек на една година се реализирани повеќе крвни единици  предложени со план и работа. Неколку од нив се посебно за млади крводарители во кои е нашата надеж. Средношколците со 18 години и студентите кои ја друваат на крводарителни акции кои се собираат во средните училишта и факултетите“, напоменува Јованоска.

Денес се одеблежува денот на крводарителите на Р.Македонија. ОО на Црвен крст  свеченост по повод тој ден ќе одржи утре. Благодарност и почит на крводарителите ќе им биде изразена на поединци, фирми иинституции кои го помагале развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца.

{loadposition content9}