Skip to main content

Се продолжува рокот за легализација на терасите

Стапија на сила измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

зграда
zgrada

Со измените во Законот за постапување со бесправно изградени објекти пролонгиран е рокот за поднесување барања за утврдување правен статус на ваков вид бесправно изградени објекти.

зградаСе работи за градежни решенија што биле наменети за тераси или пак тераси пренаменети во станбен простор на објектите со основна намена домување во колективни станбени згради.

Одредбите се однесуваат и на објекти на кои се завршени градежните и инсталациските работи и претставуваат градежна и функционална целина заклучно со 3 март 2011 година. Имателите на ваков вид објекти може да достават барање до 30 јуни 2015 година.

Со донесените законски измени се менува и крајниот рок за дополнување на поднесените барања од 2011 година што немаат геодетски елаборати. Според измените елаборатите ќе можат да се поднесуваат најдоцна до 31 декември 2015 година.

{loadposition content9}