Skip to main content

Розите се враќаат во Охрид

Во акцијата на Министерството за животна средина „Македонија земја на цвеќето- земја на розите“ што ќе се одржи на  овој петок, 21-ви март, со активности на Одделението за заштита на животната средина и Одделението за образование, ќе се вклучи и општина Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
rozi
рози

roziВо акцијата на Министерството за животна средина „Македонија земја на цвеќето- земја на розите“ што ќе се одржи на  овој петок, 21-ви март, со активности на Одделението за заштита на животната средина и Одделението за образование, ќе се вклучи и општина Охрид.

Локалната самоуправа во содејство со ЈП „ Охридски комуналец“  ќе организира граѓанска акција, во која на претходно определени јавни парковски површини ќе се засадат рози, а во основните училишта ќе се организираат продажни изложби на рачно изработени предмети. Во дворовите на основните училишта, во рамките на акцијата, ќе биде организирано засадување на рози.

На 21-ви март, под мотото „ Македонија земја на цвеќето- земја на розите“ во сите региони ќе бидат засадени 100 илјади рози. Освен визуелниот ефект што ќе се постигне, акцијата ќе има и еколошко значење бидејќи розите се познати по нивната карактеристика за извлекување на тешките метали од почвата.

{loadposition content9}