Потрошени вртоглави суми за патни расходи во земјата и странство, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ
Вртоглавите суми за патни расходи во земјата и странство во период од раководењето на СДСМ со Локалната самоуправа, тема на денешната пресс конференција на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
Енормното трошење на средства во периодот од 2005 до 2013 година, тема на денешната пресс конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Портпаролот Никола Митровиќ рече дека СДСМ недомаќински работела со што потрошила милионски суми за службени патувања во периодот од 2005-2013 година заклучно со месец март. Митровиќ таксативно ги наброја сумите за патни расходи во земјата и странство од најмалата, 752 632ден. во 2005год. и највисоката забележана во 2010год., 4 140 594 ден. Во овој период од раководењето на СДСМ со Локалната самоуправа според ВМРО потршени биле вртоглави суми за горива и масла на службените возила, како и за репрезентации, службени патувања и др. Па поради тоа Митровиќ запраша која била потребата и целите за толкаво трошење.
–Која била целта за огромната потрошувачка на овие службени патувања во земјава и странство, кои биле придобивките од големиот обем патувања и на крај кој е ефектот за подобрување на стандардот на граѓаните на Охрид? Граѓаните на Охрид и пошироката јавност и за оваа тематика бара отчетност од страна на СДСМ. Од друга страна потенцираме дека градоначалникот Бакрачески, Локалната самоуправа и ВМРО ДПМНЕ секогаш водат политика базирана на факти и реални податоци. Секогаш водат политика на отчетност и транспаретност и секогаш водат политика во интерес на народот. Тоа е разликата помеѓу ВМРО ДПМНЕ и политичките опоненти. Тоа е разликата која ја препознава народот и несомнено уште еднаш ќе ја насочи довербата кон ВМРО ДПМНЕ, рече Митровиќ.
{loadposition content9}