Алармантно зголемување на бројот на заболени со ХИВ Сида во Македонија
Во период од неполни три месеци односно од јануари до вчера откриени се 11 нови случаи заболени од ХИВ-вирусот во нашата земја.
Во период од неполни три месеци односно од јануари до вчера откриени се 11 нови случаи заболени од ХИВ-вирусот во нашата земја.
Осум од нив се заразиле од сексуален однос на маж со маж и се на возраст од 20 до 29 години.
Овие резултати се добиени преку тестирање на повеќе од 200 лица со ризично однесување. Истражувањето го спроведоа Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство и невладините организации ХОПС, ХЕРА, Егал, пишува „Дневник“.
Во периодот од 1987 до 2004 биле регистрирани само 10 мажи со ХИВ/СИДА, кои вирусот го добиле преку сексуален контакт со мажи, а од 2005 до 2014 година има 51 нов случај на мажи што се заразиле преку секс со мажи.
Лани цела година биле регистрирани 24 случаи, а сега за само 2,5 месеци има 11 новопријавени случаи.
{loadposition content9}