Претседателските кандидати со чисти досиеја
Меѓу четворицата кандидати за шеф на државата – Ѓорге Иванов, Стево Пендаровски, Илијаз Халими и Зоран Поповски, нема соработник со тајните служби утврди Комисијата за верификација на факти.
Меѓу четворицата кандидати за шеф на државата – Ѓорге Иванов, Стево Пендаровски, Илијаз Халими и Зоран Поповски, нема соработник со тајните служби утврди Комисијата за верификација на факти.
Комисијата за лустрација потврдила дека нивните досиеја се чисти и за тоа ја информирала Државната изборна комисија.
Законот предвоидува дека кандидатите за сите видови избори мора да ја поминат лустрациската проверка за да се утврди дали некој од нив соработувал со тајните служби или издавал наредби за следење на политички неистомисленици.
Уште поголема работа ги чека лустраторите за неколку недели, кога ќе треба да ги проверуваат досиејата на сите кандидати за пратеници.
Доколку се утврди дека некој од нив соработувал со тајните служби, тој ќе нема право да се кандидира на изборите. Мандатот на овој состав на Комисијата за верификација на факти веќе е истечен, но таа уште носи решенија и лустрира, со оглед на тоа што пратениците пред одлуката за распуштање на Собранието не успеаја да постигнат двотретинско мнозинство за избор на нови членови на овој орган.
{loadposition content9}