Со песни и рецитации,пречекана пролетта меѓу охридските пензионерки
Пречекот на пролетта Здружението на пензионерите преку Активот на пензионерки,го одбележаа пригодно со музичко-рецитаторска приредба.
Пречекот на пролетта Здружението на пензионерите преку Активот на пензионерки,го одбележаа пригодно со музичко-рецитаторска приредба.
Во присуство на голем број пензионерки,мајки,учителки, од повеќе оснвни училишта,во Клубот на пензионерите во Охрид, група ученици од основните училишта од градот пееја песни и рецитаации посветени на пролета со сите нејзини убавини и карактеристики,како најубаво годишно време.Под менторство на пензионираната учителка, од ОУ ,,Свети Климент Охридски,, Ристана Мојсоска групата ученици го изведоа рециталот ,,Здраво пролет-децата пеат и рецитираат за бабиде и дедовците,,.
Рециталот го презентираа учениците: Александра и Софија Петреска, Лубица Јованоска и Јоваче Танески од ОУ ,,Христо Узунов,, Нина Наумовска и Андреј Трајкоски од подрачната параралелка ,,Далјан,, и Ева Трифуноска од ОУ ,,Григор Прличев,,.
Сцената на која го изведоа рециталот беше илустрирана и со бројни цртежи на тема-пролет, изработени од менторот Ристана Мојсоска.
Оваа скромна музичко- рецитаторска приредба, посветена на доаѓањето на пролета, топло и срдечно беше поздравена од присутните пензионерки во чие име и во името на ЗП Охрид и Дебрца, на учениците им се заблагодари претседателот на Извршниот одбор Ѓорѓи Трпчески и претседателката на Активот на пензиоерки Ружа Балеска. Приредбата,истовремено беше организирана и во рамките на проектот ,,Меѓугенерациска соработка,,што веќе втора година го практикува СЗПМ.
{loadposition content9}