Македонија и Албанија да се договорат за регулација на нивото на езерската вода
Намалено нивото на водата од Охридското Езеро. Овој природен ресурс кој припаѓа на Македонија и Албанија не треба да се третира како акомулација, туку треба да се остави да си биде природен еко систем, опоменуваат охридските еколози. Тие нагласија дека нивото на езерото најмногу варира од потребите на хидроцентралите на двете земји.
Намален водостојот на Охидскот Езеро. Нивото на езерото деновиве е на 17 сантиметри над дозволената кота. Според Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат ваквата појава за овој период од годината била вообичаена. Но сепак Паноски смета дека нивото на езерото најмногу варира како последица на искористувањето на водите од сливот на Езерото за потребите од електрична енергија на двете држави, Македонија и Албанија.
„Секако дека во наредниот период ќе треба да внимаваме и на човековите активности бидејќи Охридското Езеро во најголем дел се третира за жал како акомулација за потребите на хидроенергетскиот систем и на Македонија и на Албанија. Затоа една од компонентите на Дримскиот проект ќе се занимава со капацитетот на Дрим значи како воден басен во контекс на негово искористување за производство на хидро енергија значи ќе мора и тука да се воспостават некои ред и правила кои ќе одговараат на еколошката состојба во овој момент“– вели Паноски.
И охридските еколози со сличен став. Ѓоко Зороски од ЕД „Грашница“, предложи Македонија и Албанија конечно да седнат на една маса и да се договорат околу овој проблем. Тој даде и конкретен предлог што треба двете земји да направат за да може константно да се одржува нивото на водата.
„Проблемот е што во моментот Охридското Езеро се третира како една вештачка акомулација за разлика од она што е , тоа е природен еко систем и во иднина се надеваме дека конечно ќе се направи еден систем кој ќе го регулира нивот на Охридскот езеро дали со изградба на некој преливен праг пред истекот на реката Црн Дрим во Струга, каде што нивот би било константно, односно дефинирано на минимално ниво на езерото 693, 10 метри надморска височина“ – нагласува Зороски.
Според очекувањата на експертите имплементацијата на проектот за Дримскиот басен би требало да придонесе за поголема контрола на состојбите на еко-системот на Охридското Езеро, посебно на нивото на водата во Eзерото чиј водостој последните години бележи значителни осцилации, последица што на климатските промени, што на човечкиот фактор. Инаку денес се одбележува Светскиот ден на водите 22 март. Годинава тој е под мотото „Вода и енергија“, а целта е да се укаже на рационално користење на водата во производството, на подобар пренос на енергијата и начини на кои водата може подобро да се искористи.
{loadposition content9}