Охриѓанец осомничен за силување
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Силување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20- годишен охриѓанец на кого му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Силување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20- годишен охриѓанец на кого му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
Пријавениот, во текот на фебруари и март оваа година сторил две кривични дела „Силување“, откако по кратко следење во вечерните часови користел погоден момент и со употреба на сила нападнал две жени од Охрид.
На 26-ти фебруари годинава, околу 20 часот, на улицата „Мирче Ацев“ пријаве- ниот следел 31 годишна охриѓанка по што пред влезот од зграда физички ја нападнал. Тој насилно одвлекувајќи ја со раце почнал да ја допира по целото тело обидувајќи се да ја присили на обљуба.
Истото го направил и на 7-ми март оваа година кога околу 21 часот на улицата „Богомилска“ забележал девојка и веднаш и се втурнал фаќајки ја силно за двете раце. Потоа, со извртување на рацете ја повлекол кон себе и започнал да ја допира по телото сакајќи да изврши обљуба врз неа.
Во двата случаи, сега притворениот бил оттурнат, а нападнатите успеале со викање да избегаат од него и случајот да го пријават во СВР Охрид.
{loaadposition content9}