ВМРО НП: „Наставникот се претвори во административец и ја загуби можноста за креативност“
Од Народна велат дека ќе се залагаат по изборите да се врати достоинството на професијата.
ВМРО Народна партија со обвинувања дека наставниците прераснуваат во административци. На денешната прес конференција тие рекоа дека со сите новини кои се воведени во образованието во изминативе години, наставниците ја изгубиле својата вистинска улога и можноста да бидат креативни.
Според Јоне Станкоски, просветните работници се повеќе се соочуваат со притисоци од страна на Државниот просветен инспекторат, што според него предизвикува демотивација кај наставниците и губење на благородниот лик на наставникот. Според ВМРО Народна, во образовниот процес се пристапува шаблонски и се применуваат репресивни мерки кон наставниците од страна на лица кои имаат незначително искуство во образованието. Станкоски потенцираше дека Народна ќе се залага за враќање на достоинството на просветните работници, укинување на екстерното тестирање и други мерки во насока на она што тие го нарекуваат подобрување на условите за работа на наставниот кадар. Поопширно од денешната прес конференција на ВМРО Народна партија, во Дневникот на Телевизија ТВМ во 17 часот.
{loadposition content9}