ВМРО ДПМНЕ ја започна претседателската кампања од Велгошти
Уште една голема победа започнуваме од револуционерно Велгошти. ВМРО ДПМНЕ со овие зборови денес ја започна претседателската кампања токму од ова охридско село. Кандидатот за претседател, Ѓорѓе Инанов рече дека секогаш бил со граѓаните за да види што мислат и што ги мачи и дека тоа ќе биде мото и во неговиот втор мандат.
ВМРО ДПМНЕ ја започна претседателската кампања од Велгошти. Денешниот ден беше посочен како денот кога во Велгошти и Охрид пред една година била извојувана најголемата победа на ВМРО ДПМНЕ. Таа симболика ќе биде водилка и на овие претседателски избори, а Велгошти како место од каде започнале многу револуционерни походи ќе ја детерминира нашата иднина, рече Градоначалникот Никола Бакрачески пред многубројните присутни во салата Тодор Александров.
–И денес од овде ќе испратам силна порака дека кај нас нема наши и нивни. Ние секогаш сме биле тоа што сме и никогаш не сме биле тоа што не сме. Ние сме Македонци и нашата држава е Македонија, рече Бакрачески.
Охридските пратеници Харалампие Шокароски и Александар Николоски зборуваа за достигнувањата на претседателот Ѓорѓе Иванов кој според нив е вистинскиот избор со чија помош оваа генерација ќе ги живее идеалите на илинденците за живот во самостојна и суверена Македонија.
–Оваа политичка гарнитура со претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Никола Груевски покажа и докажа како се води државата и како треба домаќински и одговорно да се грижиме за националните интереси, рече Шокароски.
–Ноќеска дојдов од Цирих и македонската дијаспора ми рече да ви порачам дека е за претседателот Ѓорѓе Иванов да биде повторно претседател на РМ. Цела македонска дијаспора стои позади претседателот, истакна Николовски.
Со нескриено задоволство што кампањата започнува од победничко Велгошти пред присутните се обрати и кандидатот з претседател од ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов.
–Отсекогаш Велгошти дава големи луѓе по кои е познато. И во мојот кабинет има Велгоштани кои се вредни и посветени на Македонија. Секогаш сум бил со вас, со граѓаните. Секогаш сум сакал да знам што мислат граѓаните, секогаш сум бил меѓу луѓето за да видам што ги мачи. Покажавме заедно со премиерот, со министрите, со пратениците, советниците и градоначалниците дека промените се видливи и граѓаните се што ќе ни забележат во работата се трудиме да го исправиме. Овде ја направивме салата, го реновиравме училиштето, го започнавме водоводот и уште многу други проекти, рече Иванов.
Иванов ги покани сите симпатизери и негови подржувачи да присуствуваат на вечерашниот голем митинг во Охрид кој ќе се одржи на градскиот плоштат „Св. Климент Охридски“ со почеток во 19 часот.
{loadposition content9}