Светската фудбалска организација го објавила финансискиот извештај за 2013 година по кој имаат заработено 72 милиони долари, и најава дека таа сума ќе расте.
Вкупниот финансиски салдо на ФИФА во годината на која и претходи светското првенство во Бразил изнесува скоро 1,4 милијарди долари, а мундијалот е во приход од 601 милион долари од телевизиски права и 404 милиони долари од спонзорства.
Во извештајот е наведено дека ФИФА потрошила 183 милиони долари на развојни проекти, а најголема сума е ставката на финансирање турнири за минатата година и изнесува 717 милиони долари, додека 216 милиони се потрошени на оперативни работи и 17 милиони долари на данок.
“Ќе имаме повеќе пари за првенството во Русија, и уште повеќе за мундијалот во Катар, а ако така се развиваат работите ќе имаме многу пари за светското првенство во 2026 година”, рекол генералниот секретар на ФИФА, Жером Вацке.
Бројот на вработени во светската фудбалска федерација пораснал за 40 во текот на 2013 година и сега изнесува 452, а наведено е и дека организацијата има скоро 1,5 милијарди долари во резерва, што е клучна стратешка работа за функционирање на ФИФА.
Како споредба се наведува дека меѓународниот олимписки комитет има во резерва сума од 932 милиони долари.
{loadposition content9}