Туберкулоза во затворите во Македонија
Минатата година во македонските затвори 8 случаи на туберкулоза регистрирани во затворите во Скопје во 2013, генерално туберкулозата се намалува.
Минатата година во македонските затвори 8 случаи на туберкулоза регистрирани во затворите во Скопје во 2013, генерално туберкулозата се намалува.
Кај осум затвореници во Идризово и Шутка лани е откриена туберколоза. Бројката е значително зголемена во однос на 2012 кога во казнено попправните установи во земјава имало само еден заболен.
Сите новозаболени се под лекарски надзор и примаат соодветна терапија. Повеќето се откриени со скринингот со флуоробусот кој почна да се користи пред една година.
Инаку бројот на заболени од туберколоза во земјава бележи пад. Минатата година имало 323 нови случаи што е за 32 помалку од 2012 кога беа евидентирани 355 болни. Најголем дел од новооткриените случаи се постари од 65 години.
Кај најголем дел болеста е откриена во доцна фаза. Во 2013 од ТБ заболеле и 23 деца. Вакцината ги штити децата од тешките форми на туберколоза.
Од вкупниот број на болни минатата година 90 проценти успешно биле лекувани на Институтот за белодробни заболувања. Три лица имале резистентна форма на туберколоза, но и за нив била обезбедена соодветна терапија. Лани од туберколоза во земјава починале 24 лица.
{loadposition content9}