Во недела почнува летното сметање на времето
Летното сметање на времето годинава ќе започне во недела на 30 март во 2 часот изутрина, така што стрелките на часовникот се поместуваат за еден час нанапред, односно на 3 часот.
Летното сметање на времето годинава ќе започне во недела на 30 март во 2 часот изутрина, така што стрелките на часовникот се поместуваат за еден час нанапред, односно на 3 часот.
Летното сметање на времето секогаш почнува во последниот викенд во март и трае се до последниот викенд во октомври, кога стрелките се поместуваат за еден час наназад, од 3 на 2 часот.
Целта на летното сметање на времето е подобро да се ускладат часовите на дневна светлина и работното време и наставата во училиштата. Наместо раната утринска дневна светлина додека луѓето уште спијат, останува еден час повеќе дневна светлина за поручек, за да се заштеди електричното осветлување.
{loadposition content9}