Skip to main content

„Визер“ од идниот месец со нови ефтини летови за Париз, Брисел и Франкфурт

Од наредниот месец, авиокомпанијата „Визер“ ќе воведе нови поевтини летови до три нови дестинации -Париз, Брисел и Франкфурт.

avion
авион

Од наредниот месец, авиокомпанијата „Визер“ ќе воведе нови поевтини летови до три нови дестинации -Париз, Брисел и Франкфурт.

Со субвенционирање на летовите кои ги реализираат нискобуџетните авио-компании, се зголемува бројот на туристи кои сакаат да го посетат охридскиот регион, особено во летните месеци.

аеродромОпштина Охрид веќе работи на субвенционирање на евтини авио линии на охридксиот аеродром Свети Апостол Павле.

„Во изминатиов период ние бевме во интензивни преговори со неколку авио компании кои пројавија интерес да воспостават редовни летови од охридскиот аеродром. Врз основа на тие преговори,  а се разбира согледувајќи ги реалните можности на градот Охрид, изготвивме  тендерска документација  за поддршка на туризмот во Охрид,   врз основа на која што ќе бараме партнер  кој  би воспоставил   редовни авио линии од и до охридскиот аеродром. Тендерската документација веќе е специфицирана и завршена и мислам дека наредниве денови  јавно ќе биде објавен огласот за изнајмување на авио компанија која што ќе прави промоција на градот Охрид преку воспоставувавње редовни авио летови од охридскиот аеродром“ рече градоначалникот Бакрачески.

Во 2013-та година најмногу летови, или 18,8 отсто  се реализирани за Истанбул , а 10,7 % за Виена. Владата преговара и со уште една нискотарифна компанија за воведување на три нови дестинации со евтини летови.

{loadposition content9}