Се намалува бројот на основците
За повеќе од 2 проценти намален бројот на учениците во основните училишта за оваа учебна година, информираат од Државниот завод за статистика.
училница
За повеќе од 2 проценти намален бројот на учениците во основните училишта за оваа учебна година, информираат од Државниот завод за статистика.
На почетокот на учебната 2013/2014 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесуваше 191 051.Ова претставува намалување за 2.2% во однос на претходната учебна година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2013/2014 година, изнесува 86 418 што претставува намалување за 3.9% во однос на претходната учебна година.
{loadposition content9}