Skip to main content

Продолжуваат нападите од Израел

Околу 310 Палестинци загинале во израелските воздушни напади врз цели на исламското движење Хамас во Појасот Газа што започнаа во саботата, а бомбардирањата и натаму продолжуваат.

 |  Крсте Голабовски  | 
Gaza
Газа
Околу 310 Палестинци загинале во израелските воздушни напади врз цели на исламското движење Хамас во Појасот Газа што започнаа во саботата, а бомбардирањата и натаму продолжуваат.

При воздушните напади се ранети над 1.400 луѓе, соопштија спасувачките екипи во териториите контролирани од исламистичкото движење.

Израелски воени авиони утрината го бомбардираа Министерството за внатрешни работи со кое што управува Хамас во Газа, што е прв удар на владина зграда во тридневната израелска офанзива, соопштија извори на Хамас.

Се уште нема информации дали во нападот има жртви.

Gaza Израел изведе неколку десеттина воздушни напади врз Појасот Газа изминатата ноќ во кои што загинаа седум Палестинци, од кои шест деца, соопштија болнички извори.

Нападите се сконцентрирани на градот Газа каде се наоѓа и зградата на Министерството за внатрешни работи, која според репортерите е уништена.

Израелските сили го бомбардираа и Исламскиот универзитет во Газа, кој што се смета за упориште на екстремистичкото движење Хамас, но тој напад помина без жртви поради тоа што во зградата немало студенти.

Израел започна воена офанзива во саботата како одговор на ракетните и артилериските напади од Газа на јужниот дел од неговата територија. Нападите зачестија пред една недела кога истече шестмесечното примирје меѓу Израел и екстремното палестинско крило на Хамас.

 

 

{loadposition content9}