Работилница за деца со посебни потреби во Охридскиот Црвен Крст
Во просториите на Црвен крст Охрид во петок, 28-ми март 2014 година, од 19,00 часот ќе се одржи предавање на тема Работа со деца со посебни потреби со акцент на нивното вклучување во образовниот процес, идентификување на нивното основно познавање на одредени вештини и потребите кои ги имаат овие деца.

Предавач ќе биде Сара МекФитерс, волонтер на Мировниот корпус од Соеднитетите американски држави во Македонија, моментално на волонтерска работа во училиште во Велес а и со претходно тригодишно работно искуство со деца со посебни потреби во Бугарија.
Предавањето е од отворен тип и добредојдени се сите кои живеат или работат со вакви деца и кои сакаат да слушнат и поинакви искуства за однесувањето, поддршката која им е потребна и различните техники за учење и понатамошен развој на вештините кои ги поседуваат.
{loadposition content9}