Skip to main content

Војници од АРМ ќе учествуваат на воена вежба на ЕУ

Војници на АРМ како дел од борбена група на Европската унија (ЕУ), ќе учествуваат на воена вежба во Белгија и во Луксембург.

arm
арм

Војници на АРМ како дел од борбена група на Европската унија (ЕУ), ќе учествуваат на воена вежба во Белгија и во Луксембург.

armСе работи за 150 војници, кои ќе бидат оценувани како дел од европските сили за брзо распоредување на вежбата „Брз лав 14″.
Оваа вежба ќе се одржи од 26 мај до 13 јуни, а учество ќе земат 2.900 војници од Белгија, Германија, Луксембург, Македонија, Холандија и од Шпанија.

По оценувањето на борбената готовност, групата од јули до крајот на годинава ќе биде подготвена за брзо распоредување во воена мисија на ЕУ или ОН.Македонија по вторпат учествува во борбена група на ЕУ, овојпат со механизирана пешадиска чета, штабни офицери и национален елемент за поддршка, а претходно, во 2012 година земјата учествуваше во борбена група на ЕУ, заедно со Германија, Чешка, Австрија и Хрватска.

{loadposition content9}