ТЛЕР организира едукативна работилница за органска храна
Одделението за локален економски развој и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделието при Секторот за ТЛЕР, согласно својата стратегија за интензивирање на локалниот економски развој вчера во општинската зграда ја одржа првата едукативна работилница со земјоделските производители, хотелиери, угостители и потрошувачи за начинот на производство и нејзина примена.

На едукативната работилница предавач беше Горан Калев од Про- Церт, Македонско контролно сертификационо тело кое работи според законите на Р. Македонија. Калев на земјоделските производители, хотелиери, угостители и потрошувачи им го објасни начинот за контрола и сертификација на производи и системи според меѓународни, приватни, национални стандарди во примарното земјоделство, преработката, безбедноста на храната, управувањето со загадувањето на животната средина и организациските системи на домашниот и странските пазари.
Неговото излагање наиде на широк интерес кај присутните, заинтересирани за производство на органска храна, како да се дојде до сертификат за органска храна. Свој интерес пројавија локални производители на мед, месо, сирење и градинарски производи.
Општина Охрид има голем потенцијал за производство на органска храна, ако се знае дека се работи за чиста и незагадена средина.
Секторот ТЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделието и во иднина ќе продолжи со своите активности на одржување на едукативни работилници од оваа област кога и да е потребно, а ќе им излезе и во пресрет и ќе им пружи стручна помош на сите заинтересирани во постапката за добивање на сертификат за органско производство.
{loadposition content9}