Продолжува дебатата за Предлог-буџетот за 2009 година
Собранието на Република Македонија денеска трeба да ја продолжи 41. седница со расправа за Предлог-буџетот за 2009 година.
собрание

Буџетот за наредната година е планиран да изнесува 164 милијарди и 215 милиони денари. Приходите се проектирани на 153 милијарди и 215 милиони денари, а дефицитот е 11 милијарди и 584 милиони денари што е 2,8 отсто во однос на планираниот БДП.
Собраниската дебата за буџетот почна минатата среда, а продолжи во петокот. Според новиот Деловник на Собранието, пратениците треба за три дена да ја завршат расправата и да ја го донесат буџетот за 2009 година. Се расправа само по предлогот, а нема да се врши амандманска интервенција, бидејќи тоа, според Деловникот, се прави во Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. На предложениот буџет за 2009 година пратениците имаа поднесено 204 амандмани, од кои беа прифатени во амандманската расправа во комисиите 15.
На дневниот ред на 41. седница е и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, по скратена постапка.
По завршувањето на 41-та, закажани се продолженијата на 32-та и на 36-та седница. На 32. треба да се расправа за единствената преостаната точка од дневниот ред Предлог законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, а на 36-та за Предлог законот за изменување на Законот за цивилни инвалиди од војната, по скратена постапка.

{loadposition content9}