Тешко се наоѓаат квалитетни туристички водичи
Тешко се наоѓаат квалитетни туристички водичи
Туристичките агенции тешко доаѓаат до квалитетни водичи. Во нашата долгогодишна пракса ова се потврдува во последните години напоменува туристичкиот работник Елида Битрак од ТА „Елида турс“. Туристичкиот водич е првиот конаткт кој еден посетител го воспоставува со една земја. Затоа тој треба да биде добар презентер на еден град и земја, со познавање на повеќе странски јазици, историја и културно- историските споменици, а треба да биде и добар аниматор за секој посетител, вели Битрак.
„ Можам да кажам декае мал бројот на туристички водичи кои достојно со познавање на повеќе странски јазици, историја и археолошки факти може да го доловат она што е најинтересно и најзначајно за градот. Тука мислам дека вината ја има факултетот за туризам и угостителство. Во последните години кој се да се приајви за лиценца и ја добива. Но активностите кои се преземаат со заострување на полагањата ќе вродат резултат.“
Климент Наумов од охридското здружение на туристички водичи „Кеј“ отворено зборува за проблемите кои ги имаат неговите колеги а кои поседуваат квалитет и знаење. Наумов укажува дека главоболка им задава меѓусебната нелојална конкуренција со што се деградира професијата.
„ Имаме стотина колеги кои не се лојални и сакаат да направат конкуренција. Тие ги симнуваат цените, а истите не располагаат со доволно знаење од проблематиката и материјата и ја деградираат нашата професија со што придонесуваат кон негативна промоција на нашата држава.“
Од стотината лиценцирани водичи во Охрид активно работат педесттина. Дел од нив не го почитуваат тарифникот за работа, вели Наумов. Тој не е променет во последните 20- тина години. Дневницата на водичите за дневен полуразглед е 50 евра во денарска против вредност, а за целодневен разглед е 80 евра. Тоа е конкурентна цена во однос на нашите соседни држави, вели Наумов. Во соседна Грција цените се повисоки, во Албанија се на исто ниво како и нашите, додека во Хрватска обичен разгед на Дубровник чини 150 евра.
{loadposition content9}