Skip to main content

Паркинзите повторно ги разбрануваа политичките страсти

Воспоставувањето на ЈП „Билјанини извори“ на јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори, причина за повеќе реакции од опозиционерите. Директорот на ова јавно претпријатие, Ристе Мишев вели дека нема простор за критики.

 |  Јаковлева Лионела  | 
паркинг
parking

На седницата на совет која е закажана за во вторник помеѓу точките на дневен ред се најде и „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори“. Оваа точка се искористи како погоден терен за прибирање политички поени. Партиите од опозицијата обвинуваат дека за она за што пред две години се фрлало со дрва и камења по претходната Локална власт која ги дала паркинзите под концесија, сега го прави оваа локална заедно со ЈП „Билјанини извори“. Директорот на ова јавно претпријатие, Ристе Мишев вели дека нема никаква поврзаност помеѓу тогашниот начин на работа и сегашниот.


-Разликата помеѓу минатиот начин на управување на паркинзите и на идниот начин е тоа шро во минатото паркинзите беа целосно издадени под концесија, а сега во овој случај паркинзите ќе останат вп сопствемост на ЈП Билјанини извори. Изработена е физибилити студија од која шро се гледа економската оправданост за инсталирањето на електронски систем за електронска наплата ма паркирање . Приватниот партнер ќе биде должен да ја купи, инсталира и одржува целокупната опрема за што ќе добие одреден процент, вели Мишев.parking

Од ВМРО НП прашуваат дали со воведувањето на новиот систем ќе се отпуштат дел од вработените на паркинзите.

Јас не знам од каде им се информациите на ВМРО НП дека ќе има отпуштање на вработените на паркинзите. Напротив со инсталирањето на овој систем како ЈП добро ќе закрепниме, па ќе имаме простор за нови вработувања, вели директорот.

Од ЛДП пак велат дека повеќето општини имаат вакви софистицирани системи за наплата и неговото имплементирање чинело 40 000 евра. Прашуваат зошто претпријатието само не си го набавило системот преку комерцијален кредит туку барало партнер.

Не знам од кај им се информациите на ЛДП дека системот чини 40 000 евра. Во физибилити студијата јасно се гледа дека чини многу повеќе. Приватниот партнер треба пет години да го одржува, а после тоа опремата останува за ЈП „Билјанини извори“, вели Мишев.

Од локалната самоуправа пак велат дека идејата на ЛДП паѓа во вода затоа што ЈП „Билјанини извори“ поради големите долгови од минатото било кредитно неспособно. Според изјавите на директорот Мишев по инсталирањето на системот со него ќе стопанисува ЈП „Билјанини извори“, додека пак како ќе се распределуваат финансиите помеѓу претпријатието и приватниот партнер, ќе се знае по започнувањето на постапката за јавно приватно партнерство. Мишев вели дека со воведувањето на новиот софистициран систем за наплата на паркинзите ќе се направи поголем ред, ќе се зголеми ефикасноста на наплатата за 30 до 40%, можноста за избегнување на плаќање ќе се сведе на минимум, а ќе се подобри и ликот на паркинзите кој ќе биде порепрезентативен пред туристите.

{loadposition content9}