Skip to main content

Галичица се попривлечна за посетителите

Природните убавини во националниот парк Галичица  се почесто ги посетуваат групи од странство, но и од  Македонија. Се зголемува навиката и на охриѓани за посета на Националниот парк.

 |  Јаковлева Лионела  | 
галичица
galicica

Галичица се попривлечна за посетителите. Нивниот број во последниот период е во пораст за 5 до 10%.  На главните влезови во националниот парк поставени се дигитални бројачи кои ги евидентираат возилата, пешаците, велосипедистите. Во тек е обработување на податоците за минатата година.

Секојдневно пристигнуваат барања за групна или индивидуална посета на паркот. Паркот стана препознатлива туристичка понуда. Ги обележавме и пешачките патеки во должина од 50 километри кои се наменети за пешачење од неколку категории, вели Номче Новески-ЈУНП „Галичица“.galicica

Природните убавини во националниот парк Галичица  ги посетуваат групи од странство, но има и од цела Македонија. Се зголемува навиката и на охриѓани за посета на Националниот парк, вели Новески .

Тоа се должи и на добрата промоција која се спроведува во текот на последните години, како и достапноста на податоците кои се наоѓаат на нашата интернет страница, објаснува Новески.

Со измените во Законот за заштита на природата и  Законот за национални паркови, групите низ паркот сега ќе ги водат туристички водичи кои  завршиле соодветна обука и добиле сертификат. НП „Галичица“ има двајца лиценцирани водичи, па останатите туристички водичи не ќе може како претходно без најава да го посетуваат и да раскажуваат за националниот парк.  Новески кажува дека сега ќе се избегне и  пласирањето на различни податоци за паркот, како на пример за висината на врвот „Магаро“ или за протокот на вода во „Билјанини Извори“.

{loadposition content9}