Skip to main content

Изгласана физибилити студијата за изградба на пазарот

Изгласана физибилити студијата за изградба на пазарот.

 |  Валентина Неловска  | 
pazar
pazar

Зелено светло за физибилити студијата за изградба на пазарот со јавно приватно партнерство. Гласањето за оваа важна инвестиција помина само со дискусија на советниците од опозицијата. Опозиционерите беа со став дека  студијата треба да се врати на доработка. Ставија забелешка дека изготвувачот на студијата  не изработил еколошка анализа. Исто така, не им дал можност на советниците да изберат кое е најповолното решение од 4 -те законски можности за приватно  јавно партнерство туку понудиле само еден модел. Имаа забелешка и на процентот при распределбата на имотот, 20 -80 во корист на инвеститорот.
pazar
„ Кога 8о посто од имотот го давате на приватен партнер зошто не  ја давате улогата ние да ја играме, општинатат како приватен партнер. Не е проблем да се задолжи општината доколку има  испатливост на проектот. Да  го дадеме пред деловните банки па да видиме дали и кој  ќе не кредитира“, предложи Стојаноски.
pazar
Советникот Стојаноски побара одговор од изработувачот на студијата како го одредиле процентот.  Изработувачот на физибилити студијата кажа дека од предложените модели го избрале овој затоа што е најдобар и ги застапува интересите на општината.

„Во однос 20-80 соодносот што го рековте, соодносот го немам како бројка. Но, идејата е во рамките на критериумите за избирање на најповолната понуда еден од условите е да му се да даде повеќе простор на ЈП и тој однос би го смениле. Наша претпоставка е дека износот на земјиштето, концесијата  и комуналиите кои општината би ги добила се приближно 2 милиони евра, а инвестицијата е 3,5 милиони евра. Но и инвестиција дополнително од 450.000 евра во дополнителни активности. Најдобриот понудувач треба да ги изработи фасадата на општината , халата позади,  со приближна сума од 3,9 милиони евра.“  

Пред давањето согласност за физибилити студијата за пазарот Стојаноски ги потсети колегите од противничкиот табор да го земат во предвид  фактот дека инвестицијата вредна 7 милиони евра  ќе донесе само  5 нови вработувања.   Советниците  од позицијата  не дискутираа по однос на упатените  забелешки и ја усвоија предложената  студија.

{loadposition content9}