Полициски службеници делеа зелени картони за послушните, црвени за непослушните пешаци
СВР Охрид со активност по повод кампањата „Недела на пешаците“.
СВР Охрид по повод Неделата на пешаците денес на раскрсницата кај Мини-маркет симболично ги наградуваше и казнуваше пешаците. Полициски службеници ги следеа пешаците дали правилно или неправилно поминуваат на семафори и пешачките премини и доколку ги почитуваа сообраќајните правила добиваа зелен картон како награда бидејќи со нивното однесување придонеле за намалување на бројот на жртвите во сообраќајни незгоди. Оние непослушните пак кои прекршија некое сообраќајно правило добиваа црвен картон, а полициските службеници им го посочуваа прекршокот кој го направиле и предупредување дека со нивното однесување ризикуваат и самите да станат жртви. Кампањата „Недела на пешаците“ ќе трае до 7ми Април. Повеќе околу оваа активност на СВР Охрид, ќе можете да видите во Дневникот на Телевизија ТВМ, во 17 часот.
{loadposition content9}