Skip to main content

Детската литература во Македонија на работ на опстанокот

Во државава речиси и да нема писатели за детска литература. Младите се помалку се дружат со книгата, а и оние кои што сакаат да читаат мора да користат странска литература.

 |  Јаковлева Лионела  | 
knigi
книги

Во Македонија речиси и да нема писатели за детска литература. Денес на меѓународниот ден на книга за деца и млади уште еднаш на виделина излегоа сите проблеми со кои се соочуваат книжевните работници. Писателот и поет Тоде Илиевски кој зад себе има четири книги за деца вели дека Македонија сеуште не е влезена во меѓународната организација на Светскиот совет на детската книга и покрај неговите долгогодишни заложби. Тој додава дека државава долги години наназад не размислува за детско издаваштво

Имам 62 години а спаѓам во најмладите писатели за деца во Македонија. Тоа значи дека статусот на македонските детски писатели не задоволува. Треба да се размислува за нивно поттикнување како финансиски така и програмски, вели Илиевски

Само мал дел од младите од најмала возраст се дружат со книгата, но и тие наидуваат на проблем поради недостиг на детска литература.ден на книгата

Ние во нашето училиште многу посветуваме внимание на книгата. Често ја посетувам библиотеката, но имам проблем што не можам да најдам македонска литература за мојата возраст па често читам и странска, вели една седмооделенка.

Јас сакам да читам но кога ќе  ја посетам библиотеката гледам дека таму нема многу мои врсници. Мислам дека денес децата се помалку читаат книги, а се повеќе се на интернет, вели ученичка од ОУ „Христо Узунов“.

Поетот Славе Ѓорго Димоски кој е и професор по македонски јазик и книжевност смета дека младите денеска се помалку читаат, односно, од мали нозе немаат стекнато навика да се дружат со книгата. Причини за тоа има повеќе, вели тој, но една од најголемите е што децата повеќе сакаат информациите да ги добиваат од интернет отколку од книгите.

Сведок сум на една популација која настапува која во однос на книгата има еден голем минус. За жал и задолжителните лектири не ги читат со чесни исклучоци, а камоли друга слободна литература. Треба да се смени односот на децата кон книгата, но и на државата кон писателите, вели Ѓорго Димоски.

Инаку, Светскиот ден на книгата за деца и млади, денеска беше одбележан во охридската библиотека „Григор Прличев“ со литературна средба што беше посветена на авторот Тоде Илиевски кој меѓу другото е и добитник на наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца во 2009 година.

{loadposition content9}