ВМРО НП во недела ќе ги промовира кандидатските листи за предвремените парламентарни избори
ВМРО Народна партија во недела ќе ги промовира кандидатите на своите листи за предвремените парламентарни избори. На денешната прес конференција тие воедно потсетија за своите заложби како партија.
Општинскиот комитет на ВМРО Народна партија денес на прес конференција со покана до сите граѓани на нивната конвенција на која ќе се промовираат кандидатските листи за предвремените парламентарни избори.
Тие денешниот прес го искористија да потсетат на дел од темите кои ги обработија на претходните прес конференциии, а кои се однесуваа на нивните партиски заложби за намалување на казнените политики кон фирми и граѓани, брзиот влез во ЕУ, но потсетија и на проектите кои биле направени во времето на нивното владеење од 1998та до 2002та година.
„Цел на оваа наша прес конференција на ВМРО Народна партија е покана до сите граѓани на општина Охрид, сите членови на Народна партија, и до сите медиуми, ве покануваме на конвенцијата за претставување на кандидатите од листите на ВМРО Народна партија. Оваа конвенција ќе се одржи во недела, 6ти Април со почеток во 13 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.“-вели претседателот на општинскиот комитет на ВМРО Народна партија, Ванчо Костоски.
{loadposition content9}