„Златен микрофон“ награда за охридскиот комичар Никола Тодоровски
„ Златен микрофон“ награда за охридскиот комичар Никола Тодоровски.
Охридскиот актер Никола Тодоровски во силна конкуренција од 12 комичари од Балканот е прогласен за најдобар македонски комичар. Наградата ме израдува и е потврда на тригодишниот труд вложен во стенд ап комедијата, напоменува Тодоровски. Од мојот прв настап во Битола заедно со колегата Марјан Георгиевски досега сум имал преку 200 настапи, раскажува Тодоровски.
„ Тоа се прилично многу часа смеење. И ми е драго што во изминатиов период кога ќе помислам сум имал можност и привилегија да ја засемјувам публиката и да направам барем неколку часа луѓето да се среќни. Она што повеќе ме радува од наградата е што стенд уп комедијата кај нас зазема сериозен замав и го добива заслуженото место.“
Материјалот кој го изведувам на сцена и во клубовите е мој авторски материјал, раскажува Тодоровски. Проговори и за изборот на темите кои му се драги и кои ги работи за своите стенд ап комедии. Луѓето се презаситени од политиката и темите поврзани со неа ги избегнувам, вели Тодоровски. Поентата на хуморот е да ги релаксира луѓето и на него гледам како на чадор кој штити од секојдневните бури.
„ Се она што не опкружува може да биде тема доколку се има хумористичен став материјалот е непресушен.Се среќаваме со различни ситуации она што е карактеристично за мене е што избегнувам политички теми.“
Тодорвски за гледачите на ТВМ ги откри и негвоите идни планови. Заедно со неговиот колега Стрезо Стаматоски работат на разбивање на култураната монотонија во градот со нова форма.
„ Долго време бевме со идеја да напарвиме нестандарден театрски проект жанрот кабаре.Тоа е поинаква форма од стенд уп комедијата.Има елементи на стенд уп , скечеви и песни коис епреработени со сатирични текстови со определени теми и на крај завршуваат со песна и го дефинираат жанрот кабаре“.
Никола и Стрезо, браќата од две мајки, утревечер во 20 часот на малата сцена во Центарот за култура пред охриѓани ќе имаат свој настап со кабаре.
{loadposition content9}