Skip to main content

Општина Охрид организира промотивна тура

Во рамките на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот Општина Охрид организира  промотивна тура „ Охрид 2014 “ . На промотивната тура што ќе се одржи во Охрид од 4 до 6 април 2014 година ќе присуствуваат претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово.

 |  Голабовски Крсте  | 
општина охрид
opstina ohrid

ohridsko ezero Во рамките на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот Општина Охрид организира  промотивна тура „ Охрид 2014 “ . На промотивната тура што ќе се одржи во Охрид од 4 до 6 април 2014 година ќе присуствуваат претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово.

Гостите на промотивната тура , утре ( 4.04. 2014 г. ) во 12 часот и 30 минути ќе ги прими  градоначалникот Никола Бакрачески, а од 18 до 19 часот  во хотелот „ Милениум“ ќе имаат директни средби со туроператорите и хотелските субјекти од Охрид.
Според планот на промотивната тура, учесниците ќе ги посетат најзначајните културни и туристички локалитети на градот и руралните средини, а ќе се запознаат со можностите за развој на алтернативниот туризам.

{loadposition content9}