Возачите на Мерцедес Нико Розберг и Луси Хамилтон очекувано ги освоија двете најдобри стратни позиции за трката на Големата награда за Бахраин.
По Австралија и Малезија каде пол позицијата му припаѓаше на Хамилтон, овој пат најдобро време отствари другиот возач на Мерцедес, Нико Розберг.
И овој пат возачите на Мерцедес доминираа на сите тренинзи во Бахраин освојувајќи ги првите две места, а за разлика од службениот квалификациски, на сите слободни тренинзи Хамилтон завршуваше пред Розберг.
Од вториот ред ќе стартуваат Даниел Рикардо од Ред Бул и Валтери Ботас од Вилијамс, а од третиот ред Серџо Перез во Форс Индија и Кими Раиконен во Ферари.
Четирикратниот светски првак Себастијан Фетел ќе стартува како единаесети.
Конечниот пласман за стартот во утрешната трка во Бахраин е следниот:
1. Nico Rosberg (Mercedes) 1m33.185s
2. Lewis Hamilton (Mercedes) +0.279s
3. Daniel Ricciardo (Red Bull-Renault) +0.866s
4. Valtteri Bottas (Williams-Mercedes) +1.062s
5. Sergio Perez (Force India-Mercedes) +1.161s
6. Kimi Raikkonen (Ferrari) +1.183s
7. Jenson Button (McLaren-Mercedes) +1.202s
8. Felipe Massa (Williams-Mercedes) +1.326s
9. Kevin Magnussen (McLaren-Mercedes) +1.527s
10. Fernando Alonso (Ferrari) +1.807s
{loadposition content9}