Кој во моментов раководи со општинскиот инспекторат ?
Кој во моментов раководи со општинскиот инспекторат ?
Колку ефикасно работи општинскиот инспекторат е темата на која ТВМ се обиде отворено да разговара со Димитар Спасески секретарот на Локалната самоуправа. По настанатите промени во инспекторатот во интерес на јавноста сакавме да дознаеме како сега е организациски поставена работата на инспекторатот.
– Кој е раководител на инспекторатот, а кој го заменува во неговото одсуство и по чии наредби работат овластените инспектори?
– Колку инспектори има во 4-те одделенија на инспекторатот во туризам, екологија, градежништво и комунално?
– Кои се надлежностите на градежните инспектори и каде граѓаните може да пријавуваат незаконитости, колку забрани досега градежните инспектори издале за недозовлени градби?
– Како општинските градежните инспектори соработуваат со колегите од Министерството за транспорт и врски и со Завод и музеј, посебно за градбите во старото градско јадро.
– Колку решенија издале инспекторите од екологија и туризам, а колку комуналните редари?
– Зошто градот ефикасно не се справува со дивите тезги поставени околку пазарот и езерскиот кеј?
До затварање на дневникот не остаривме контакт со секретарот Димитар Спасески, како што кажаа од оддeлението за односи со јавност, поради негова презафатеност не упати на општинскиот портпарол. ТВМ продолжува со оваа тема и очекува секретарот да најде време за одговор на актуелните прашања во текот на утрешниот ден.
{loadposition content9}