Skip to main content

Охридскиот регион ќе биде големо градилиште

Охридскиот регион ќе биде големо градилиште во текот на наредните четири години, најави носителот на кандидатската листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ во петтата изборна единица Антонио Милошоски кој денес го посета градов.  Советникот Ангел Јанев пак, потсети на  дел од бројките за исплатени расходи за репрезентација ма монатата Локална власт.

 |  Јаковлева Лионела  | 
5ie
5ие

Носителот на кандидатската листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ во петтата изборна единица Антонио Милошоски денес во посета на Охрид. Тој на пресс конференцијата покрај тоа што зборуваше за 2046те нови проекти кои ќе овозможат 64 илјади нови вработувања во Македонија најави дека охридскиот регион ќе биде едно големо градилиште во текот на наредните четири години.

Охрид и Охридско во наредните 4 години ќе биде едно големо градилиште како што не било во последните 50 години. Тоа градилиште ќе почне со автопатот – Кичево-Дебрца-Охрид, со автопатот Требеништа-Струга, со четири ленти пат до Пештани, со можност истиот да продолжи до границата со Албанија, со обнова и реконструкција на патот Охрид-Ресен-Битола и можност за проширување со уште една нова лента и со отварање на првата поголема странска инвестиција, во случајот, во охридскиот регион, германска која ќе чини 25 милиони евра и ќе отвори 750 работни места, кажа носителот на листата кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“.александар николовски

На прес-конференцијата  присуствуваа и кандидатите за пратеници во петтата изборна единица, Сашо Василевски, Александар Николовски и Љубен Арнаудов.

Ок на ВМРО ДПМНЕ денес одржа уште една пресс конференција. Советникот Ангел Јанев потсети на  дел од бројките за исплатени расходи за репрезентација за  Охрид за период март 2005-2013та кои изнесуваат околу 27мил. денари или повеќе од 400 000 евра

-Ова е примерот, еден од многуте, како СДСМ се однесувал и се однесува  кон средствата на граѓаните на Охрид, како СДСМ практикувал владеење и што за СДСМ значи да се биде на власт,рече Јанев.

Јанев потенцираше дека ваквото недомакинско работење ја доведе општината во тешка финансиска состојба од која за да се излезе треба големи напори.

{loadposition content9}