Skip to main content

Социјалната политика во фокусот на политичките препукувања

Обезбедување соодветно ниво, на социјално најранливите категории на луѓе, е еден од најзначајните постулати во изборната програма на ВМРО – ДПМНЕ. Денес на оваа тема на прес конференција зборуваше кандидатот за пратеник Сашо Василески.

 |  Николоска Биљана  | 
vmro - dpmne
вмро-дпмне

vasileskiСоцијалната политика, тема на прес конференцијата на кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ Сашо Василески.  Тој направи ретроспектива на мерките кои Владата на Р.Македонија ги презела од 2006 год за ранливите категори. Василески напомена дека само постојаната парична помош досега била зголемена за 46%, се реализирала мерката за вработување на 1600 лица во јавната администрација од социјално ранливата категорија и многу други мерки. Тој кажа дел од мерките кои Владата на ВМРО – ДПМНЕ планира да ги спроведе во наредниот период за подобрување на животот на ранливите категории на граѓани. Една од нив е зголемување на социјалната парична помош за 5 % годишно, почнувајќи со исплата од јуни секоја година.

„Тое е еднократен отпис на долгови на лица со социјална помош лица невработени 12 месеци кои активно бараат работа и немаат приход годишно повеќе од 100 000 денари, лица со семејна несреќа, долгови од неплатена елетрична енергија, долгови спрема банки, картички и минусни салда, радиодифузна такса и парно греење. Поради ваше објеснување многу држави и економии поголеми од нашата се обиделе да го спроведат овој проект успеала само Шведска и тоа Шведска од ден денеска го имплементира“– вели Василески.

damoskaПрес одржа и советничката Јоваснка Дамоска Секулоска. Секулоска потенцирајќи го мотото на СДСМ „Промени за нов почеток“, запраша каков симбол на промени претставува Томислав Тунтев и дали промените што ги нуди СДСМ ќе значат уништување и разнебитување на државата, онака како што СДСМ систематски го уништувал и разнебитувал Охрид. Дамоска уште еднаш ги повтори сумите потрошени на репрезентација на Јавните претпријатија и јавно го запраша кандидатот за пратеник од СДСМ Томислав Тунтев како ќе ги објасни.

„Дали овие средства не можеа наместо на репрезентации да се потрошат на решавање на проблемите на граѓаните на Охрид, почитуван поранешен заменик градоначалник на Охрид и можен иден пратеник во Собранието на Република Македонија? Дали чувстувате одговорност за вашето учество во политиките кои 8 години го девастираа градот? Дали воопшто прашањето кои што се однесуваат за тоа како вашата политичка опција немилосрдно ги трошила парите на граѓаните, според Вас заслужуваат Ваш одговор, објаснување, извинување? Затоа почитувани, ВМРО-ДПМНЕ има право да тврди, претседателот на Општинската организација на СДСМ и високо рангираниот кандидат за пратеник на листата на СДСМ во петтата изборна единица може да претставува сѐ, ама промени за нов почеток никако не!– прашува Секулоска.

{loadposition content9}