Skip to main content

Саем на книгата 2014

До четиринаесетти овој месец, во нашата земја трае „Саемот на книгата“, една од најзначајните културни манифестации во земјата, која обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.

Saem na knigata
Саем на книгата

саемДо четиринаесетти овој месец, во нашата земја трае „Саемот на книгата“, една од најзначајните културни манифестации во земјата, која обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.

26-тиот, по ред Саем на книгата 2014  несомнено ќе биде место на литературни читања и обраќања на еминентни автори од оваа област кои одново ќе ја истакнат моќта на книжевните дела како суштински фактор за културното творештво на секој народ. На Саемот на книгата на едно место се претствуваат најголемите домашни издавачи, но и издавачи од регионот  што го прави овој саем еден од најатрактивните манифестации чиј број на посетители се движи околку 40.000.

саемЧитателите, традиционално, ќе може да го следат промоциите на најновите изданија и на нивните автори на голем број домашни и странски издавачки куќи. Несомнено, огромно е значењето на Саемот на книгата, како една од најпосетените саемски манифестации кај нас, која учествува во создавањето на традицијата и култот кон пишаниот збор, кој секако ги обединува луѓето.

Во рамките на саемотќе се одвива и традиционалната акција “Подари книга, подари богатство” со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија. Оваа акција има за цел поттикнување на подарувањето на книга посебно кај младата популација како најсоодветен подарок за сите пригоди: родендени, имендени, јубилеи и празници, покажувајќи пример за целата јавност дека не треба да се заборави на печатеното издание. Кампањата е насочена за поддршка на издавачката дејност преку стимулирањето на купувањето книги и љубовта кон пишаниот збор, како трајна вредност што облагородува.

{loadposition content9}