Skip to main content

Продолжува украсувањето на охридскиот градски кеј

Во тревниот дел од градскиот парк, на потегот од поранешното ПТТ одморалиште до угостителското училиште, Ј.П.Охридски Комуналец засади 3 нови цветни  острови.

 |  Голабовски Крсте  | 
осторв
ostrov

Во тревниот дел од градскиот парк, на потегот од поранешното ПТТ одморалиште до угостителското училиште, Ј.П.Охридски Комуналец засади 3 нови цветни  острови.

осторвФормирани се три мини-паркчиња каде се засадени околу 500 цветни садници , 50 декоративни и зимзелени грмушки и поставени се други декоративни елементи.

Овие парковски решенија се дел од проектот на локалната самоуправа за формирање на 40 нови паркчиња на територијата на општина Охрид.

Исто така, на овој потег, како и во Холандскиот Парк, отстранети се заштитните најлони  од  палмите кои беа засадени со минатогодишната акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина„. Поголемиот дел од садиците се во одлична состојба и  е извршено освежување со отстранување на старите лисја, со цел поттикнување на растот на новата листна маса.

{loadposition content9}