Skip to main content

Општината не побарала информации од државниот инспекторат за дивоградбите во Стар град

Општината непобарала информации од државниот инспекторат за дивоградбите во Стар град.

 |  Валентина Неловска  | 
Ohrid
Ohrid

Успешна е соработката меѓу општинскиот и државниот градежен инспекторат, информира секретарот на Локалната самоуправа Димитар Спасески. Општинските градежни инспектори немаат надлежности врз територијата на градот опфатена со Законот на  Охрид. Но затоа пак имале добра соработка со колегите од државниот инспекторат и  за дивоградбите во стариот дел на Охрид усно ги известувале. Локалната самоуправа  нема евиденција во колку наврати  досега државните  инспектори излегле на терен во Охрид и постапиле по нивните дојави за дивоградбите. Но тоа не го попречува  секретарот да верува дека државните инспектори добро си ја работат својата работа. Иако недостатокот на  податоци остава простор за впечаток  дека општината е незаинтересирана за она што  конкретно се случува во стар град  со дивоградбите.
Ohrid
„ Точна бројка на постапки нема затоа што државниот градежен инспекторат нема обврска да не извести. Доколку би имале потреба од информација секако потребните информации би ни ги  доствиле на увид. Но, со оглед на тоа што  немаме надлежности ние не сме побарале од државниот градежен инспекторат конкретна информација по колку предмети е постапено и што се случува. Во никој случај не сме индолентни, нашите инспектори набљудуваат и соодветно на тоа комуницираат со колегите од државниот инспекторат со кој имаме одлична соработка“, вели секретарот Спасески.

На прашањето пак кој ја координира работата на инспекторите во моментов со оглед на тоа дека актуелниот раководител на инспекторатот по боледувањето е на годишен одмор а ги исполнува и условите за старосна пензија, Спасески со оговор.

„ Координира дел од активностите во координација со мене како секретар. Согласно моите надлежности целосно  ја координирам  работата на општинскиот инспекторат, на  сите инспектори и комунални редари. Дополнително во рамките на инспекторатот  е овластен еден од државните службеници кој се редовно вработени таму  да ги потпишува  сите интерни документи кои се однесуваат на работата на инспекторатот. Генералните документи кои ги доставуваме како дописи согласно надлежностите ги  потпишувам јас како секретар на Локалната самоуправа.“   

Немањето пак комунален инспектор во општинскиот инспекторат според Спасески  не се одразува негативно врз неговата работа.  Секретарот тврди дека инспекторите од другите дејности по негов налог се на терен и успешно се справуваат со диво поставените тезги.  Секретарот напоменува дека ќе се разгледа можноста празното место на комуналниот инспектор да  биде пополнето по завршувањето на изборите.

{loadposition content9}