Skip to main content

Велигденски саем на охридскиот пазар

Велигденски саем на охридскиот  пазар.

 |  Валентина Неловска  | 
Veligden
Veligden

Велигденски саем ќе има во охридскиот градски пазар. Козињаци, торти, кифлички, оригами се само дел од производите кои ќе се продаваат пред големиот христијански празник Велигден. Сите правни и физички лица кои ќе покажат интерес  три дена ќе имаат можност да ги нудат  на продажна своите производи на безплатни тезги. Јованка Сsaemион Доленц, занаетчија и  производител на рачно изработени свеќи ја поздравува  ваквата можност.

„Од се срце ја поздравувам иницијативата на градски пазар. Апелирам и до другите локални институции да преземат вакви иницијативи за да има поголем број вакви збиднувања каде креативните луѓе може да се покажат пред јавноста што се изработиле, а другите кои се помалку креативни да го збогатат својот дом со нашите креации“, кажува Сион Доленц.

Организирањето на Велигденскиот саем е идеја на ЈП Градски пазар. Тие нудат можноста  производителите икретаивните луѓе да  заработат, а оние пак кои немаат врема за изработка на прехранбени прозиводи и декорации да можат да ги купат на едно место. 

jajcaВо ЈП  веќе пристигнале и првите пријави од заинтересирани продавачи за изнајмување на штандови. Марија Завојчева од одделенито за односи со јавност вели дека се подготвени да им излезат во пресрет на сите  заинтересирани правни и физички лица. Тезгите ќе бидат поставени на просторот пред месарницата Мега, информира  Завојчева.

„ Тука можат да изложат разни оригами, велигденски производи, свеќи, народни носии,  конкретнипроизводи бидејќи е Велигден па затоа така сакаме  изложбата да е сконцентрирана на празнични прозиводи. Можат да се изложат разни рачни  изработки од цвеќе и други декоративни предмети, “вели Завојчева.

Пријавувањето на заинтересираните  е најдоцна до 15 април. Продажните штандови  ќе почнат со работа на Величетврток, а ќе траат во  наредните два дена. Од ЈП Градски пазар планираат оваа идеја да прерасне во традиција и штандови да се поставуваат пред секој христијански и муслимански празник.

{loadposition content9}