Skip to main content

Забранет увозот на крзно од кучиња и од мачки во ЕУ

Стапи на сила забраната за увоз на кожи и крзна од кучиња и од мачки во земјите-членки на Европска унија.

 |  Крсте Голабовски  | 
kuce i mace
куче и маче
Стапи на сила забраната за увоз на кожи и крзна од кучиња и од мачки во земјите-членки на Европска унија.

Италија е прва земја-членка на ЕУ, а втора во светот која забрани увоз и трговија со таков вид на крзно, кое се користи како моден додаток и за изработка на играчки.
Досега забраната важеше само во пет држави – Италија, Данска, Грција, Франција и Белгија. Сега ЕУ ќе им се придружи на САД, Австалија, Нов Зеланд и Швајцарија.

macinjaПоради кожата и крзното од кучињата и мачките годишно се убиваат околу два милиони животно, пред се во Кина, во Тајланд, во Филипини и во Северна и Јужна Кореја.
За една бунда од кучешко крзно потребни се 10 до 12 кучиња или 24 мачки.

 

 

{loadposition content9}