Еколошка ознака на туристичките услуги
Министерството за животна средина и просторно планирање и Регионалниот центар за животна средина ги обучуваа претставниците на туристичкичко- угосителскиот еснаф од Охрид и пошироко како да добијат еколошка ознака на туристичките услуги.
Претставниците на туристичкичко- угосителскиот еснаф од Охрид и пошироко денес се обучуваа како да добијат еколошка ознака на туристичките услуги. Со воведувањето на еколошки означени туристички услуги, во чија основа лежи одржливиот развој на туризмот носителите на еколошката ознака ќе имаат повисок рејтинг, подобар имиџ и ќе се поконкурентни на пазарот- рече заменик- градоначалникот Ангел Јанев. Овие обуки беа во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Регионалниот центар за животна средина.
-Еколошкото означување не е цел само за себе, туку тоа ги мотивира давателите на туристичките услуги да ги подобрат нивните еколошки, социјални и економски перформанси, за да бидат поконкурентни на пазарот, а и да заштедат, рече директорката на канцеларијата на Регионалниот центар за животна средина во Македонија, Катарина Георгиевска.
Овој процес, како што беше речено на обуката, помага да се воочат потребните промени во начинот на работа, со кои се подобрува квалитетот на услугите и се влијае на зголемување на бројот на туристичките посети. Самите гости кога одбираат во кој хотел ќе престојуваат, го одбираат оној со еколошка ознака, вели Георгиевска.
–Ова е дополнителен мотив за нашите тутистички работници за воведување на вакви еколошки ознаки и за исполнување на дел од условите за нивна имплементација, подвлече Георгиевска.
Досега во овие три години откога е донесен правилникот за еколошките ознаки нема ниту една апликација, велат од Министерството. Тие очекуваат поголем интерес во наредниот период, а на оние кои ќе аплицираат во наредните три месеци ќе им помогнат во изготвувањето на Акциониот план.
{loadposition content9}