Skip to main content

Вмро Дпмне : Реконструкција на охридските здравствени установи

Вмро Дпмне: Реконструкција на охридските здравствени установи.

 |  Валентина Неловска  | 
bolnica
bolnica

 
Проекти со кои ќе се реконструираат охридските здравствени установи најавија  кандидатите за пратеници од Вмро Дпмне. Никола Бакрачески член на Извршниот комитет на Вмро Дпмне се осврна и на можноста за едукација на медицинскиот кадар во европските  земји и Америка.  65 милиони евра ќе бидат иневстирани во обнова на специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охридски со рок на реализација  до 2017 година. Проектот ќе биде спроведуван во неколку фази.
bolnica
„ Прва фаза е реновирање на централната, стара болничка зграда за ортопедија и трауматологија. Реорганизација на амбуланите, лабараторијата, централната стерилизација, дијагностичките содржини како и операционите сали и болничките соби со комплетно современи содржини“, напомена Сашо Василески.   

„ Некои промени ќе се дешаваат во здравстените установи во општинската болница во Охрид и Струга. Ќе мора нови системи порационално да  имплементираме. Салите за интревентна кардиологија ќе бидат во ортопедската болница по сите европски стандарди Оваа болница ќе се шири не само на општинско ниво туку  и на Балканот“, кажа Љубен Арнаудов.

„ Системот им овозможува на сите лекари да престојуваат одреден период во реномирани центри под менторство од експерт и од сите области да се стекнат со знаења и вештини кои ќе гиприменуваат во матичните установи во Република  Македонија“, истакна Никола Бакрачески.  
bolnica
Вмро Дпмне одржа уште една прес конференција на која се обрати Роза Костоска член на Вмро Дпмне. Костоска  упати критика на адреса на Томислав Тунтев,  кандитатот за пратеник од опозицијата.  Таа го обвини Тунтев  како поранешен заменик градоначалник  дека не пројавил интерес за подобрување на лошата  состојба во која се наоѓале објектите на детската градинка.

„ Принципот  на Вмро е домаќинско и одговорно работење и на државно  и на локално ниво. Граѓаните знаат дека  Вмро секој ден  обидува да ги реши и ублажи проблемите кои се таложеле со години. Охриѓани немаат доверба во веќе видените  лица од опозицијата кои сакаат да се претстават како нови политички адуити пред се тука мислиме на господинот Тунтев“, посочи Роза Костоска.

{loadposition content9}