Многу проекти и подобра иднина за Охрид, вети Груевски
Просперитет, подобра иднина, многу проекти, вети претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски синоќа на митингот во Охрид
Вие ништо не му должите на ВМРО ДПМНЕ. Наша обврска е да создадеме подобри услови за живот, им се обрати синоќа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на сите присутни на градскиот плоштад Св. „Климент Охридски“ каде ВМРО ДПМНЕ заедно со коалицијата „За подобра Македонија“ го одржува митингот за предвремените парламентарни избори. Тој рече дека народот знае да направи разлика па затоа во првиот круг на претседателските избори со толкава предност водел нивниот кандидат за претседател, Ѓорѓе Иванов.
–Уште еднаш се казнети оние кои во својата политичка кариера континуирано си поигруваа со граѓаните давајќи им лажни ветувања само со цел да добијат повеќе гласови и да дојдат на власт. Но народот е паметен знае да ги препознае лагите затоа довербата ни ја даде нам кои не само што ветуваме туку и реализираме, рече Груевски.
Евтини авио-линии реконструкција на болницата „Свети Еразмо“, изградба на училишни сали, изградба на пешачка патека од плоштадот до црквата Свети Јован Канео и поврзување со плажата Лабино, реконтрукција на патниот правец Горно – Долно Лакочереј, изградба на ски-центар на Галичица, изградба на луксузен хотел со пет ѕвезди, изградба на новата технолошко-индустриско развојна зона. Ова се само дел од проектите што Груевски ги најави а кои треба да се реализираат во наредниот период во Охрид.
Кандидатот за претседател на РМ од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Подобра Македонија“ Ѓорге Иванов, уште еднаш повика, граѓаните да го дадат својот глас за него и на вториот круг од претседателските избори зашто како што рече, во изминатите 5 години покажал дека е избран од народот и секогаш е со народот.
Пред охриѓани се обратија и Кандидатите за пратеници, Љубен Арнаудов, Александар Николовски и Сашо Василевски.
–Од овде почнувале и ќе почнуваат победите. Од овде почнувала мислата за напредок на Македонија. Од овде ќе започне и оваа победа, рече кандидатот за пратеник, Љубен Арнаудов.
–Се бришат ли 50 милиони евра долг од општина Охрид направен од минатиот градоначалник кој беше од редовите на СДСМ со влажно марамче. Се брише ли урбаното дивеење и урбанмата мафија која ја создаде минатата власт, рече кандидатот за пратеник Александар Николовски.
–Охрид е мој и ваш град. За прв пат во изминативе години после еден мрачен период видов надеж, видов развој и реални проекти кои се реализираат, рече кандидатот за пратеник Сашо Василевски.
Пред симпатизерите и подржувачите на ДПМНЕ и коалицијата се обрати и носителот на листата во 5ИЕ, Антонио Милошоски како и Шабан Салију, претседателот на демократските сили на ромите, Живко Јанкуловски од партијата на обединетите демократи на Македонија и Јован Лазарев од Социјалистичката партија.
{loadposition content9}