Skip to main content

Се асфалтираат улици низ Охрид

Градежни активности деновиве се одвиваа на повеќе улици низ градот меѓу кои се улиците „Ѓорче Петров“ и „Железничка“.

 |  Голабовски Крсте  | 
улица
ulica

ulicaГрадоначалникот Бакрачески деновиве заедно со дел од најблиските соработници, изврши обиколка на улиците на кои се вршат инфраструктурни зафати. Градежни активности се одвиваа на повеќе улици низ градот меѓу кои се улиците „Ѓорче Петров“ и „Железничка“.

Во населбата „Радојца Новичиќ“ се асфалтираат повеќе краци и тоа :

Прв крак со површина од 220 м2,
Втор крак со површина од 410 м2,
Трет крак со површина од 300 м2,
Четврт крак со површина од 220 м2,
Пети крак со површина од 460 м2,
Шести крак со површина од 95 м2,
Седми крак со површина од 590 м2,
Осми крак со површина од 1100 м2,

БакраческиИли вкупно во населбата „Радојца Новичиќ“ се асфалтира со површина од 3 395 м2.

Ова е за првпат во Охрид да се работи според однапред предвидена програма и систематско решавање на проблемите на граѓаните. Овие инфраструктурни зафати се одвиваат на места кои години наназад биле запоставувани, а тоа покажува дека сите жители на Охрид се подеднакво важни за Локалната самоуправа и нивните проблеми се решаваат систематски, велат од локалната. Додаваат дека ваквиот воспоставен начин на работа на новата Локална самоуправа продолжува и во иднина со несмален интензитет.

{loadposition content9}