Skip to main content

Втора верзија на „Македонскиот информативен систем за шумски пожари“

Овој систем се темели на современа информатичка технологија и е во функција на следење, проценка на ризикот и оперативна координација во случаи на справување со ризикот од шумски пожари, денеска беше промовирана.

pozar
пожар

Овој систем се темели на современа информатичка технологија и е во функција на следење, проценка на ризикот и оперативна координација во случаи на справување со ризикот од шумски пожари, денеска беше промовирана.

pozariОвој систем во јули минатата година беше ставен во почетна оперативна употреба, познат како МКФФИС и од тогаш беше во тест фаза. Во втората фаза од неговиот развој се направиени сите неопходни подобрувања, со додавање нови карти, алатки и функции со што на корисниците им се обезбедува лесен, брз и разбирлив пристап.

Системот се реализира со поддршка на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) и во соработка со повеќе државни институции, како министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство, за животна средина и просторно планирање, Управата за хидрометеоролошки работи, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Македонски шуми“ и други.
Овој систем, се темели на интегрирана и веб базирана ГИС платформа, која поврзува повеќе институции кои имаат улога во заштита од шумскиите пожари.

Директорот на Центарот за управување со кризи Зулфи Адили потенцира дека овој систем е важен за државата и за граѓаните од аспект на превенција и рано предупредување.

{loadposition content9}