Skip to main content

Колку охридските политичари тераат кампања преку социјалните мрежи?

Со оглед на моќта на интернетот и развојот на технологијата, достапноста до голема маса на луѓе, социјалните мрежи станаа погоден терен за политички маркетинг.

 |  Мишел Наумоски  | 
socijalni mrezi
социјални мрежи

 

Политичките партии се веќе длабоко навлезени во своите политички кампањи и за претседателските и за предвремените парламентарни избори. Досега целата јавност имаше можност во повеќе наврати да ги слуша класичните политички реклами на националните и локални медиуми за тоа што политичарите им нудат како опција.

nikoloski fejsbukНо во оваа ера на забрзан развој на технологијата, време во кое интернетот е можеби најдоминантниот начин на пренос на информации, социјалните мрежи како фејсбук, твитер и сличните на нив, се повеќе стануваат корисни алатки за секаков вид на рекламирање, па со тоа и за политички маркетинг.Нашите охридски политичари ги запрашавме колку тие ги користат социјалните мрежи како алатка за терање кампања покрај основната функција за која ги користат истите. Еве што ни одговорија:

„На двата споделувам она што се мои политички активности, не само во текот на кампањата, туку и во текот на моето целосно политичко дејствување. Најчесто тоа се информативни настани и сметам дека тоа е еден добар начин да се стигне особено до помладата популација иако гледам веќе дека и луѓето во средните години почнаа да го користат така што сметам дека е една корисна алатка. Твитер мислам дека во Македонија не е на она ниво на кое што е во западниот свет, за да се користи како политичка комуникација. Најчесто политичарите на запад, своите главни одлуки ги објавуваат на твитер па така се пренесуваат до популацијата. Кај нас за жал не е сеуште на тоа ниво.“– рече Александар Николоски-политичар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

tuntev fejsbuk„Не бадијала политичките партии склучуваат договори со фејсбук за време на политичката кампања да имаат еден вид реклама, политички маркетинг на социјалните мрежи. Добитта или најголемата предност на социјалните мрежи е што не чини многу како што чини класичната кампања по класичните медиуми, а истовремено се опфаќа огромен број на корисници на социјалните мрежи или ако сакате според податоците што ги имаме за бројот на корисници на фејсбук, твитер, на овие простори, навистина се работи за една завидна бројка.“-вели Томислав Тунтев-политичар од СДСМ.

kostoski fejsbuk„Сега сме 2014та година, секако дека социјалните мрежи се доста популарни меѓу населението, независно од годините, од 7-8 до 60-70 години имаме голем број на корисници на овие социјални мрежи, претежно фејсбук. Така што најлесно информациите и она што сакаш да го кажеш, најбрзо и најефтино стигнува до граѓаните на Република Македонија. Знаеме дека во Македонија има над 1 милион корисници на фејсбук, така што најбрзиот и наједноставниот начин за промоција е и овој преку социјалните мрежи.“-изјави Ванчо Костоски-политичар од редовите на ВМРО Народна партија.

Но нашите политичари не се согласни само околу моќта на социјалните мрежи. Од она што ни го кажаа, и Николоски, и Тунтев и Костоски со сличен став по она што се нарекува злоупотреба на овие алатки.

Тие ги осудија сите кои своите фејсбук и твитер профили ги користат за омаловажување на политичките опоненти или други личности. Сметаат дека постојат граници на културно однесување во комуникацијата преку социјалните мрежи кои не смеат да се преминат. Сепак велат дека со тек на време најверојатно и овие работи ќе бидат надминати.

{loadposition content9}