Кузески:одговорните лица во ДПМНЕ даваа лажни ветувања за здравствените услуги
Денес ќе ги потсетиме одговорните лица во ДПМНЕ, посебно оние од охридската општа болница, на неколку документирани факти, кои ќе ги покажат нивните лаги и манипулации, рече Кузески.
Непосредно пред вонредните парламентарни избори, одговорните во општата болницата се пофалија дека купиле најсoфистициран 4Д ултразвучен апарат за ран скрининг на плодот. Нека и објаснат сега на јавноста кој гинеколог е сертифициран за таков ран скрининг на плодот и каде се вршат таквите прегледи, кажа портпаролот Александар Кузески на пресот на ОО на СДСМ. Кон средината на септември минатата година истиот тој менаџмент на охридската општа болница изјави дека е направена првата лапароскопија во Охрид – ги прашуваме: колку лапароскопии се направена оттогаш во Охрид?! Истовремено, помпезно беше најавено започнувањето на интервентна гастроскопија, потсети Кузески и додаде дека портпаролот на охридската општа болница Василески изјавил дека бил постигнат договор со Клинички центар во Скопје за визитинг професори. Кузески запраша: како е можно да биде постигнат договор со непостоечка институција – Клинички центар во Скопје и дали до сега е направена дијагностичка гастроскопија во општата болница во Охрид.
–И повторно пред избори, на почетокот на февруари минатата година, истите тие луѓе од менаџментот на охридската болница, со идентичните предизборни ветувања, како и една година пред тоа – за компјутерската томографија, за гастгроскопијата, за кадровската (не)екипираност, за мамографијата. Василески за медиумите ќе изјави: „Идните планови се набавка на дигитален мамограф, за заштита на жената од карцином на дојката“ .И повторно, многу логично прашање до најодговорните лица во охридската општа болница – до кога ќе го ветувате новиот дигителен мамограф и дали со истата изјава, како и претходните две години со ред, ќе излезете можеби и по трет пат деновиве, пред овие избори сега?! И кога конечно, веќе еднаш, ќе го добиете долго најавуваниот мамограф?! Дали конечно веќе еднаш, кога ќе завршат изборите, ќе престанете со манипулации и лажни ветувања за охридската јавност?!, рече Кузески.
{loadposition content9}