ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не е политичка опција која му е потребна на народот
Позади кандидатите за пратеници на СДСМ, останаа низа неодговорени прашања, низа нерешени проблематики кои пред се им значат на граѓаните на Охрид а со тоа и на пошироката јавност.
Позади кандидатите за пратеници на СДСМ, останаа низа неодговорени прашања, низа нерешени проблематики кои пред се им значат на граѓаните на Охрид а со тоа и на пошироката јавност.
„Без одговор останаа прашањата за милионските долгови направени од страна на СДСМ, како и и прашањето кон нив за тоа што се можело да се направи за инфраструктурата во градот со парите потрошени од нивните директори за репрезентации, службени патувања, мобилни телефони и сл.“ истакна на денешната прес конференција Климе Шешоски, член на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
Одбегнувањето од одговорите на кандидатите за пратеници Томислав Тунтев и Ѓоко Танасоски кон овие прашања е и бегство од одговорност како и од политичкиот морал и кредибилитет, додаде Шешоски.
Од друга страна пак, изминативе години на државно ниво и последната година на локално ниво откако ВМРО ДПМНЕ ја има власта покажува целосна посветеност кон потребите на граѓаните, потенцира тој.
Кандидатите за пратеници од СДСМ од Охрид Шешоски ги окарактеризира едниот како веќе докажан и најзаслужен за најмрачниот период за градот Охрид а другиот како сосема анонимен лик на политичката сцена.
„Загрижува фактот што токму со вакви лица СДСМ сака да ветува многу, имајќи го пред себе фактот дека токму Томислав Тунтев воопшто не пристапил кон подобрување на било која сфера од делувањето на Локалната самоуправа Охрид имајќи ги функциите на советник и заменикградоначалник. Банално е оправдувањето од страна на СДСМ за тоа дека од овие позици неможел да влијае врз одлуките на Петрески. Како координатор на советничката група на СДСМ можел јасно и недвослислено да се спротивстави на политиката која го донесе Охрид пред финансиски колапс. Останува прашањето дали со ваквите ставови Тунтев сака да се дистанцира од својот сопартиец и доскорашен негов шеф Александар Петрески и нивните заеднички политики.“
{loadposition content9}